Роналдо е болен, нема да игра на следниот меч за Португалија!

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантос, денеска откри дека Кристијано Роналдо нема да биде во составот за последниот контролен меч пред стартот на Светското првенство. Португалија утре ќе игра пријателски меч против Нигерија, а Роналдо е надвор од составот.

Според Сантос, капитенот на Португалија се пожалил на болки во желудникот и затоа нема да игра. Селекторот на Португалија верува дека најдобриот фудбалер ќе биде подготвен за мундијалскиот предизвик и првиот дуел во групата против Гана кој ќе се игра на 24 ноември. Во група со Португалија се уште и репрезентациите на Јужна Кореја и Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести