29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Роналдо е брз како ветар, спринтот му е извонреден, но сè уште е далеку од рекордерот Бруно

Кристијано Роналдо и во 37-мата година игра неверојатно добро и се носи одлично со помладите на теренот, а во неделата им одржа час по атлетика на актерите на дуелот меѓу Вест хем и Манчестер јунајтед.

Португалецот имаше најбрз спринт на мечот што го добија Црвените ѓаволи со 2:1 и успеа да истрча со брзина од 32.51 километар на час. Беше побрз од сите, а зад него е Арон Ван-Бисака со спринт со брзина од 32.41 километар на час.

Сепак, и покрај исклучителниот физички капацитет што го има Роналдо, тој не е најбрз играч на планетата, а пред него има неколку побрзи фудбалери.

Рекордер е бразилскиот репрезентативец и член на Фламенго, Бруно Енрике со брзина од 38 килиметри на час, пред Герет Бејл со 36,9 и Килијан Мбапе со 36,2 килиметри на час во спринт на фудбалски натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести