Португалија на убедлив начин започна во квалификаците за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во првиот меч и тоа на гостински терен кај Ерменија, Португалија победи со 5:0.
Се менуваат натпреварувањата во кои Португалиај учествува, но едно е исто, а тоа е дека Кристијано Роналдо е предводник на теренот. Ветеранот кој има 40 години и седум месеци, повторно блесна и постигна два гола.
Со овие два погодоци, Роналдо стигна до 942 голови во кариерата, од кои 140 му се во 222 натпревари во националниот дрес на Португалија.
Посебно атрактивен беше вториот гол на Роналдо со кој Португалија зголеми на 4:0 на почетокот на второто полувреме. Откако Португалија стигна до убедлива предност, Роналдо беше заменет во 58 минута.
За разлика од Португалија која беше ефикасна на гостувањето кај Ерменија, Англија славеше над Андора само со 2:0. Гарсија си даде автогол во 25 минута, а потоа Деклен Рајс погоди за 2:0 во 67 минута. Англија има перфектни четири победи во четири меча и гол разлика со осум дадени и ниту еден примен гол, а следно ќе гостува кај Србија во Белград на 9 септември.