Роналдо е дури трет во изборот за најдобар во Азија

Кристијано Роналдо заврши дури на третото место во изборот за најдобар фудбалер број 1 на Азија за календарската 2023 година. Во овој избор влегуваат сите оние фудбалери од азиските земји, но и играчите кои играат на овој континент, па затоа и Португалецот беше дел од номинираните.

На крајот, Роналдо освои 17,06 отсто од гласовите и заврши зад двете ѕвезди на Јужна Кореја, Хјун-мин Сон кој е најдобар со 22,90 отсто од гласовите, а втор е Ким-мин Жае со 19,54 отсто од гласовите.

За ѕвездата на Тотенхем, Сон ова е седми пат во низа да е прогласен за најдобар во Азија, а вкупно за него ова е деветто вакво признание. Во 2023 година тој постигна 27 голови во дресот на Тотенхем и националната селекција на Јужна Кореја.

 

- Оглас -

Најнови вести