Навивачите на Јувентус попладневно претрпеа два непријатни шока за 15-тина минути. Најпрвин Кристијано Роналдо поради повреда мораше да го напушти теренот, а потоа откако истекоа четирите минути судиско продолжение, Лацио изедначи на 1-1 во дербито на „Олимпико“.
Загриженоста кај фановите е уште поголема откако се виде дека на Португалецот не му е сеедно по излегувањето од игра, веројатно има лошо претчувство околу тежината на повредата. Исплашен е дека ако има скршеница, тоа ќе значи подолга пауза.
Лекарскиот тим на Јуве веднаш пристапи кон бандажирање на повредениот дел од десната нога, а веројатно после снимките ќе се знае каква е повредата, и колку време Старата дама нема да смета на услугите на својот убедливо најдобар играч.