Роналдо е кошмар за Атлетико, но Симеоне вели дека не мисли многу за тоа

Кристијано Роналдо повторно е во Мадрид, но овојпат нема ништо поврзано со Реал, туку таму е поради Атлетико Мадрид. Португалската ѕвезда повторно ќе биде фокусиран да ја тресе мрежата на „јорганџиите“, но вечерва ќе го носи дресот на Јувентус. Италијанскиот првак гостува кај Атлетико во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Роналдо едноставно е вистински кошмар за Атлетико, а статистиката тоа го докажува. Во 29 меча кои ги има одиграно против мадридскиот тим, Португалецот има постигнато дури 22 погодока. На последниот меч против Атлетико во Лигата на шампионите, Роналдо даде хет-трик.

И покрај овие застрашувачки факти, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, вели дека не се плаши од Роналдо и дека е многу повеќе фокусиран на играта на својот тим.

„Роналдо реши да го промени клубот и со заминувањето во Јувентус прифати нов предизвик. Ние не размислуваме за него, туку за Гриезман, Мората, Коста, Коке…Сите тие се подготвени да одиграат добар меч. Јас сум возбуден бидејќи во ЛШ секогаш против себе имате квалитетни противници. Јувентус има многу добри играчи, но ниту една од двете екипи нема да има голема предност и шансите се 50-50“, рече Симеоне во пресрет на денешниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести