Кристијано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во Серија А во првата сезона што ја игра во Калчото, а наградата за МВП ќе му биде доделена денеска пред дуелот меѓу Јувентус и Аталанта.
Португалецот се закити со титулата во Италија со Старата дама, а во првата сезона како член на Јувентус постигна 21 погодок и има 8 асистенции.
Награди ќе има и за најдобриот стрелец во Серија А, Фабио Квалјарела од Сампдорија, кој блеска и на 36-годишна возраст и е на врвот на листата на стрелците со 26 голови на два меча до крај.
За најдобар игра во средниот ред е избран Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, топ-дефанзивец во Лигата е Калиду Кулибали од Наполи, признанието за најдобар голман ќе замине во рацете на Самир Хандановиќ од Интер, а најдобар млад играч е 19-годишниот Николо Заниоло од Рома.