33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо е најдобар кога е најпотребно: Даде гол во 87-мата минута и го спаси Ал-Наср од елиминација (Видео)

Кристијано Роналдо уште еднаш потврди дека е најдобар кога е најпотребно. На дуелот од Арапскиот куп на шампиони, Ал-Наср на Роналдо беше пред елиминација, но тогаш блесна Португалецот.

Во третото коло од групната фаза, Ал-Наср играше против египетскиот гигант Замалек. На полувреме беше нерешено, а Роналдо беше многу незадоволен, а тоа го покажа и со неговата лута реакција.

https://twitter.com/i/status/1687131940250329089

На почетокот на второто полувреме, Замалек поведе со голот на Зизо од пенал во 53-тата минута. Овој резултат го водеше египетскиот тим во четвртфиналето, а за Ал-Наср значеше елиминација.

Сепак, тоа не беше крајот. Во 87-мата минута Ал-Наср стигна до 1:1, и тоа благодарение на голот на Роналдо со глава. По ова реми, Ал-Наср со пет бода стигна до второто место, а Замалек остана на третата позиција со четири бода и остана без место во четвртфиналето.

https://twitter.com/i/status/1687142941964345354

- Оглас -

Најнови вести