Роналдо е најдобар стрелец во светот за 2023, но го нема во најдобриот тим за годината која изминува

Кристијано Роналдо ја одигра првата година во својата кариера надвор од Европа и беше одличен. Португалецот во јануари го облече дресот на Ал Наср во Саудиска Арабија и за 12 месеци на неговото конто има 53 погодоци постигнати на клупско и репрезентативно ниво.

Овие 53 погодоци се доволно за Роналдо да биде најдобар стрелец во 2023 година во светски рамки, оставајќи ги зад себе дури и Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и останатите суперѕвезди.

Иако е прв стрелец во светот, Роналдо го нема во најдобриот тим за 2023 година во изборот на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Во изборот на ИФФХС, за најдобар фудбалер во 2023 година е избран Ерлинг Халанд, а потоа следуваат Килијан Мбапе и Лионел Меси. Потоа следуваат Родри, Џуд Белингам, а шести е Кевин де Брујне кој поголем дел од годината не играше поради повреда.

Во Топ 10 уште има место и за Хари Кејн, Бернардо Силва, Винисиус Јуниор и Лаутаро Мартинез, а Роналдо едноставно е заборавен. Оваа информација за најдобри фудбалери во 2023 година во изборот на ИФФХС ја објави и португалскиот весник „Абола“ на својот Инстаграм профил, а со реакција се јави и самиот Роналдо. Најдобриот стрелец во светот за годината која изминува стави неколку „човечиња“ како се смеат, што доволно кажува која е реакцијата на Роналдо за овој избор на ИФФХС.

 

- Оглас -

Најнови вести