24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Роналдо е најдобриот голгетер во 2020 година!

Кристијано Роналдо за малку повеќе од еден месец ќе наполни 36 години, но Португалецот потврдува дека годините не се пречка за да биде во врвна форма. Според направената статистика, Роналдо е најдобриот стрелец во Топ 5 лигите за 2020 година.

Во годината која за неколку часа ќе замине, Роналдо успеа да постигне 33 гола во Серија А. Ниту еден друг фудбалер, не само во Италија, туку во Топ 5 лигите немаше толку многу првенствени голови во 2020 година. На второ место на оваа листа е Роберт Левандовски. Фудбалерот кој доминираше оваа година и ги освои сите можни трофеи со Баерн Минхен, постигна 32 погодоци во 2020 година за германскиот гигант во Бундеслигата.

Третото место е за Чиро Имобиле од Лацио, кој во дресот на Лацио даде 28 голови во Серија А. Потоа на оваа листа следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и норвешкото чудо од дете на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кои постигнаа по 23 голови во Премиер лигата, односно Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести