22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо е најдоброплатен спортист за 2023 година, две третини од парите не му се од фудбал

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо е најдоброплатен спортист за 2023 година, соопшти „Форбс“. За прв пат по 2017 година, а трет пат во кариерата, Роналдо е предводник на годишната листа на спортисти со најдобра заработувачка.

Приходите на Роналдо за 2023 година се пресметуваат на 136 милиони долари од кои 46 милиони се благодарение на договорот со тимот на Ал Наср, додека другите 90 милиони долари се спечалени надвор од теренот. Роналдо дојде во Ал Наср во јануари.

Според листата, втор по заработувачка е Лионел Меси кој има годишна заработувачка од 130 милиони долари. Трет е Французинот Килијан Мбапе со приход од 120 милиони долари.

Доминацијата на фудбалерите ја прекинува Леброн Џејмс кој е на четвртото место на оваа листа со заработувачка од 119 милиони долари, што е рекордна заработувачка за еден кошаркар. На петото место е боксерот Сол Алварес со 110 милиони долари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести