Роналдо е највиновен за поразот на Јувентус кај Јанг бојс, стоеше каде што не треба (Видео)

Јувентус го освои првото место во својата група од Лигата на шампионите иако синоќа загуби на гостувањето кај Јанг бојс со 2-1. Швајцарскиот тим и покрај победата, е елиминиран од европските купови бидејќи заврши на последното место.

За достојно простување од ЛШ, Јанг бојс на своите навивачи им приреди убав меч и победа против најтрофејниот клуб во Италија. Домаќините имаа предност од 2-0, а Дибала во 80-тата минута намали на 2-1. Аргентинскиот голгетер имаше можност да го спаси Јувентус од пораз, но Кристијано Роналдо е виновен за тоа да не се случи.

Се играше 93-тата минута, Дибала доби една топка на 20-тина метри од голот, силно шутираше и таа заврши во мрежата на домаќините. Сепак, наместо радост за Јувентус, судијата досуди офсајд, и тоа поради Роналдо. Португалецот воопшто не играше со топката, но по шутот на Дибала, непотребно се обиде да игра со глава, а беше во позиција офсајд. Во таква ситуација, кога играчот иако не играл со топката, сепак можел да влијае на нејзиното движење, судиите досудуваат офсајд, па затоа и овојпат одлуката на арбитерот беше правилна, а глупавиот потег на Роналдо ја скрати радоста на Дибала и донесе пораз за Јувентус.

Ситуацијата од поништениот гол во 93-тата минута за Јувентус може да ја погледнете на видеото од 4:40 минута.

https://youtu.be/OSb6miBFYRI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести