Роналдо е подготвен за едно поинакво деби во португалскиот дрес

Кристијан Роналдо ќе биде дел од репрезентацијата на Португалија, за претстојниот финален натпревар на Лигата на нации. Првата ѕвезда во португалскиот состав, воопшто не играше во групната фаза од Лигата на нации, но сега, откако неговата репрезентација се избори за првото место во својата група, а со тоа доби шанса да се бори за трофејот, Роналдо ќе се појави во тимот.

Лигата на нации е натпреварување кое за прв пат се игра, а награда за најдобрите во сите четири сегменти е тоа што ќе добијат директен пласман на завршницата на Еврпското првенство во 2020 година.

За одбележување е што селекторот на Португалија, Фернандо Сантош повика дури четворица играчи на Вулверхемптон (Руи Патрисио, Рубен Навас, Жоао Мутињо и Диого Жота). Во составот е и тинејџерот на Бенфика, Жоао Феликс, кој е еден од најталентираните играчи, а и еден од наследниците на Роналдо.

Португалија е домаќин на завршниот турнир кој се игра од 5 до 9 јуни. Противник на Роналдо и другарите во полуфиналето ќе биде Швајцарија, додека во второто полуфинале ќе играат Англија и Холандија. Победниците од овие дуели, во финалето на 9 јуни, на стадионот „Драгао“ во Порто, ќе се борат за директен пласман на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести