Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо сезонава постигна само еден погодок во групната фаза од Лигата на шампионите, и тоа е негов полош биланс од било која сезона претходно додека го носеше дресот на Реал Мадрид.
Најдобриот стрелец во историјата на елитното континентално натпреварување, како играч на Јувентус, на пет настапи има постигнато само еден гол во ЛШ, а „старата дама“ го донесе токму за да им помогне во ова натпреварување, бидејќи во Италија доминираа и без негова помош.
Оваа статистика сигурно го загрижува Роналдо, но тој најави дека во ЛШ допрва почнува она вистинското и веројатно тогаш ќе биде уште помотивиран да ги тресе противниките мрежи.
Додека играше девет сезони за Реал, Роналдо во групната фаза даде 55 гола. По сезони, бројките изгледаа вака: 6, 4, 3, 6, 9, 5, рекордни 11, 2, и 9 гола. Во белиот дрес најнеуспешна му беше групната фаза од сезоната 2016/17, сезона во која даде само два гола, но и тоа е повеќе од учинокот во Јуве.