Кристијано Роналдо нема да патува со фудбалската експедиција во Бангкок, каде што Манчестер јунајтед ќе игра пријателски меч со Ливерпул на 12 јули.
Популарниот ЦР 7 речиси сигурно нема да биде дел од екипата и за трите пријателски натпревари во Австралија, со Мелбурн виктори, Кристал палас и Астон вила од 15 до 23 јули.
Роналдо побара трансфер од управата на Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи сè уште се надеваат дека ќе се премисли и му дадоа дополнително време да размисли и како што велат, да ги среди личните и семејните проблеми.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1545097091982266369?s=20&t=cXcryuQxnN1fVJSrC97_Eg
Роналдо по 12 години пауза, лани се врати во Манчестер јунајтед, но пред некој ден изненадувачки побара да си замине, иако има уште една година важечки договор со Црвените ѓаволи.