21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Роналдо е цар: И со корона-вирус не сака да пропушти тренинг на репрезентацијата

Кристијано Роналдо денеска доби позитивен тест на корона-вирусот и мора да остане 10 дена во изолација. Тоа значи дека Португалија, која утре ќе игра против Шведска, ќе биде без својот капитен на теренот. Иако е во изолација, Роналдо сака постојано да е во тек со сите случувања, па и попладнево, иако во изолација, успеа да го испрати тренингот на репрезентацијата.

На една фотографија која ја испратил до еден од новинарите, Роналдо ги фотографирал своите соиграчи кои тренираат, а тој ги гледа од својата соба.

Роналдо треба да ги пропушти дуелите на Јувентус и против Кротоне во Серија А и против Динамо Киев во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести