Роналдо е веќе во Торино (видео)

Кристијано Роналдо е веќе во Торино. Португалската ѕвезда вчера навечер тргна кон Италија со својот приватен авион откако италијанските клубови добија дозвола да ги повикаат странците, а Роналдо ќе мора прво да седи 14 дена во изолација, пред да се пријави за претстојните подготовки.

Тоа се мерките за заштита од корона-вирусот, а на 18 мај Роналдо ќе почне да тренира со екипата. Речиси два месеца Португалецот престојуваше во родната Мадеира, поточно од 9 март, кога се врати за да биде покрај неговата мајка Долорес, која преживеа мозочен удар.

Се појавија шпекулации дека неговиот приватен авион вчера бил задржан во Мадрид не можејќи да добие дозвола да лета кон Мадеира, но видеоприлогот подолу ги демантира тие информации и се гледа како Роналдо тргна кон Торино. Денес и останатите странци на Старата дама треба да се вратат и исто така ќе отседат 14 дена во самоизолација пред да добијат дозвола да тренираат.

- Оглас -

Најнови вести