Кристијано Роналдо речиси пред една недела се врати во Торино, но уште не се видел со соиграчите затоа што треба да го „одлежи“ 14-дневниот задолжителен карантин за сите оние кои влегуваат во Италија. Додека е во карантин, Роналдо не губи време, туку тренира.
Заедно со неговиот најстар син Кристијано јуниор тренираат во дворот на куќата. На видеото кое го постаи на својот инстаграм-профил, Роналдо напиша „каков татко, таков син“.
Синот на Роналдо се покажува како голем талент и досега во 28 меча за тимот на Јувентус за деца до 9 години има постигнато неверојатни 58 голови, односно во просек по повеќе од два погодоци на меч.