Роналдо е ѕвер, упати неодбранлива „бомба“ и тоа со левата нога, Варан е кошмар за Реал (Видео)

Кристијано Роналдо погоди во 60 минута за водство на Јувентус од 2:1 против Олимпик Лион и само ја зголеми неизвесноста на дуелот во Торино. Португалецот погоди од пенал во првиот дел, а сега по само 15 минути игра во второто полувреме упати перфектен удар со левата нога и повторно го матираше голанот на Лион.

На Јувентус сега му е потребен само уште еден гол за да стигне до посакуваните 3:1 кои го носат во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

https://youtu.be/uGEiKq5hdmA

Манчестер сити води со 2:1 против Реал и тоа повторно поради грешка на Рафаел Варан. Дефанзивецот на Реал повторно киксираше и му подари топка на Жезус, кој погоди за предност на Граѓаните. Сега на Реал му треба победа од 3:2 ако сака да оди понатаму.

- Оглас -

Најнови вести