Роналдо, Феликс, Жота, Бруно, Пепе… Португалците моќни и со нив ќе биде тешко да се игра (Фото)

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, го објави списокот со 25-мина репрезентативци за бараж-дуелот за Мундијалот во Катар против Турција, во Порто, на 24 март, а тој е интересен и за нас.

Македонија би можела да игра против Португалците во завршниот бараж-меч на 29 март на „Драгао“, но само ако ја победи Италија во Палермо на 24 март.

Сантош повика тројца голмани и 22-ца играчи, а тука се сите ѕвезди на Португалија, предводени од Кристијано Роналдо.

Во нападот е и Жоао Феликс, кој игра во топ-форма, потоа и Диого Жота, Гуедеш, Силва и Леао.

Со средниот ред ќе командува Бруно Фернандеш, а во одбраната сè уште е главен Пепе.

Португалија има одличен состав, а Сантош изненади со изборот на голманите бидејќи го нема Жозе Са, кој брани за Вулверхемптон во Премиер лигата.

На списокот го нема и Витор Мачадо Фереира, или попознат само како Витиња, кој игра за Порто и е најдобар фудбалер во португалската лига.

https://twitter.com/selecaoportugal/status/1504435403146895366?s=20&t=WcbV1UQXHjYZ_aAFSVPouQ

 

 

- Оглас -

Најнови вести