Роналдо ги навредил Саудијците, дел од нив бараат да се протера од земјата

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо се најде на удар на јавноста и на фановите во Саудиска Арабија поради еден негов потег од последниот меч на неговиот Ал-Наср, по што сè поголем бројот на луѓе кои бараат да му се суди и да биде протеран од земјата.

Имено, на мечот на Ал-Наср против Ал-Хилал, кој тимот на Роналдо го загуби со 2:0 и со тоа најверојатно остана без титулата, Португалецот револтиран од поразот и од прозивките од трибините кога противничките навивачи извикуваа Меси, Меси, при излегување од теренот се фати за меѓуножјето.

Токму тој потег предизвика бура во Саудиска Арабија, а адвокатката Ниф Бин Ахмед најави дека ќе покрене кривична пријава и петиција за депортација на Роналдо од Саудиска Арабија.

„Не го следам спртот, но дури и провокациите од навивачите на Ал-Хилал да го испровоцираа Роналдо, тој не знаеше како да одговори на тоа. Неговото однесување беше криминално, непристоен чин во јавноста кој се води како кривично дело за кое следува апсење и депортација. Поради тоа ќе поднесеме петиција пред надлежното министерсто за контрола на јавниот ред и мир“, напиша адвокатката на својот профил на „Твитер“.

 

- Оглас -

Најнови вести