Цела женска репрезентација на Португалија доби копачки од Роналдо

Женската репрезентација на Португалија до 17 години се пласираше во елитната рунда за квалификациите за Европското првенство 2020 година, а како награда за тоа, добија неочекуван подарок. Кристијано Роналдо, капитенот на машката репрезентација, реши да ги израдува и им подари нови копачки на сите девојки, а им испрати и една порака за сите нив.

„Се надевам дека овие копачки ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа. Јас кога бев дете, имав обични копачки, но луди соништа. Сакав да станам најдобар фудбалер во светот, а соништата секогаш се многу важни. Јас го остварив мојот сон, се надевам дека и вие ќе ги остварите вашите. Ви честитам на пласманот во елитната лига од квалификациите и само продолжете со добри игри. Среќно и уживајте во новите копачки“, им порача Роналдо на фудбалерките до 17 години на Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести