18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Роналдо ги поместува сите граници на светскиот фудбал (Видео)

Екипата на Ал-Наср влезе во серија од три победи, а секако дека најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо. На последниот меч, Ал-Наср на гости убедливо со 5:1 славеше против Ал-хазем, а Роналдо покрај двете асистенции, постигна и еден гол.

Токму овој погодок на Роналдо е јубилеен и историски. Тој е првиот фудбалер кој стигнал до 850 голови во кариерата.

Роналдо има постигнато 450 голови во дресот на Реал Мадрид, 145 како играч на Манчестер јунајтед, 123 пати погодил за репрезентацијата на Португалија, а троцифрен број голови има и како играч на Јувентус и тоа точно 101. Откако е дојден во Ал-Наср, Португалецот погоди 23 пати, а има и пет погодоци уште од времето кога играше за Спортинг.

Најголем ривал да го достигне Роналдо на вечната листа на стрелци е Лионел Меси. Аргентинецот кој е две години помлад, досега во кариерата има постигнато 818 голови. Јосеф Бичан застана на 805 голови, а легендарниот Пеле во кариерата постигна 765 погодоци на официјални натпревари.

- Оглас -

Најнови вести