Роналдо ги предводи – Селекцијата што го урна мундијалскиот сон на Македонија има топ-состав за Катар (Фото)

Португалија го објави составот од 26-мина фудбалери што ќе патуваат за Катар и ќе настапат на Мундијалот во ноември и декември.

Популарните Европски Бразилци имаат моќен состав, а до настап на светското првенство стигнаа со победа против Македонија од 2:0 во завршниот бараж-меч што се играше во Порто на 31 март.

Кристијано Роналдо сè уште им е прва ѕвезда на Португлците, а составот изгледа моќно со многу познати светски асови од калибарот на Бернардо Силва, Жоао Феликс, Рафаел Леао, Бруно Фернандеш, Пепе, Рубен Дијас, Кансело и уште дузина супер квалитетни играчи.

Portugal World Cup Squad from soccer

Португалците ќе играат во Х групата со Гана, Уругвај и Јужна Кореја. Првиот меч им е против Гана на 24 ноември, четири дена подоцна е дербито со Уругвај, а на 2 декември ги чека дуел со Јужна Кореја.

 

- Оглас -

Најнови вести