Роналдо ги разочара младите фанови во Дубровник

Кристијано Роналдо, кој со вереницата Георгина се одмора во хрватскиот туристички центар Дубровник, не бил многу расположен за фотографирање со деца кои сакаат да му се доближат додека шетал низ градот.

Роналдо посетил неколку локали во Дубровник, но околу него има силно обезбедување кое баш и не дозволува фановите да се доближат или да се сликаат со фудбалерот на Јувентус. Роналдо синоќа разочарал група деца кои долго го чекале пред еден ресторан. Кристијано не бил расположен да им посвети внимание и побегнал, а неговата девојка наводно им се смеела на разочараните деца.

Инаку, Кристијано и Георгина престојуваа во елитна вила во која едно ноќевање чини вртоглави 7.000 евра. Во истата вила во минатото биле и славни актери, како Џејми Фокс, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и многу други кои може да си го дозволат луксузот.

Роналдо се врати во Торино и ќе почне да се подготвува за мечот со Интер.

- Оглас -

Најнови вести