Роналдо ги стигна Раул и Меси

Јувентус со убедливи 3-0 над Баер Леверкузен ја оствари првата победа во групната фаза во ЛШ. Старата дама немаше никакви проблеми против Фармацевтите во обидот да ги освојат трите бода, а за нив се погрижија Игуаин, Бернардески и на крајот Кристијано Роналдо.

Роналдо чекаше до последната минута од регуларните 90 за да прослави јубилеен гол. Имено, со првенецот во ЛШ за оваа сезона, Португалецот им се придружи на Раул и Меси како единствените тројца играчи кои постигнале барем по еден гол во 14 последователни сезони.

https://twitter.com/coral/status/1179136110695460865?s=21

https://www.dailymotion.com/video/x7m0ww6

- Оглас -

Најнови вести