Роналдо ги урна надежите на Шкупи, Левски од Скопје си оди со два гола предност

Фудбалерите на Шкупи загубија со 0:2 од Левски во првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции кој се играше на Националната арена „Тодор Проески“.

Првиот гол беше постигнат во првото полувреме, и тоа во 31-вата минута. Стрелец на голот беше Велтон, кој немаше проблеми да ја затресе мрежата на македонскиот вицешампион по асистенцијата на Рикардињо. Победата на Левски ја завери Роналдо во четвртата минута од судиското продолжение.

Шкупи имаше свои шанси, посебно во првото полувреме. Првата ја имаше уште во воведните минути, кога Хамиди му ја одзеде топката на Андреев, но не успеа да го погоди празниот гол на Левски.

Најдобрата шанса за Шкупи беше во последните моменти од првиот дел, кога Цефас откако излезе сам пред голманот Андреев, го лобуваше, но Димитров во последен момент на гол-линијата спречи да влезе во голот.

Реваншот ќе се игра идниот четврток во Софија, а Шкупи ќе мора да брка негатива од два гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести