Кристијано Роналдо на „Инстаграм“ објави фотографија од плажа во Абу Даби на која тој со Георгина и четирите деца позираат со еден човек кој е во облека на Дедо Мраз. Тоа не би било ништо необично ако следбениците на Португалецот не почнеа да коментираат дека според очите, Дедо Мразот личи на Лионел Меси, најголемиот ривал на Роналдо.
Меси е во родната Аргентина, но тоа не ги спречи сеирџиите да се забавуваат со коментари оти зад маската се крие токму тој.