15.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Роналдо го игнорираше Тен Хаг, помина како покрај „турски гробишта“, не ги поздрави ни навивачите (Видео)

Однесувањето на Кристијано Роналдо после натпреварот на кој Манчестер јунајтед претрпе катастрофа од 0-4 против Брентфорд и тоа со сите четири примени голови во првото полувреме, докажува дека се точни информациите оти не е среќен во клубот во кој се врати лани.

Во првото коло, Роналдо беше незадоволен затоа што седеше на клупата за резерви, а вчера беше стартер и го одигра целиот меч, но без посериозен придонес, плус Јунајтед беше посрамотен како ретко кога.

Роналдо после мечот веднаш тргна кон соблекувалната и незадоволно гестикулираше со рацете. Не отиде да им отпоздрави на навивачите на Јунајтед, а „заборави“ да му подаде рака на менаџерот Ерик Тен Хаг. Единствено со помошникот Стив Мекларен си разменија по неколку зборови.

- Оглас -

Најнови вести