Непосредно откако Роналдо се навикна на животот во Торино и играњето за Јувентус, португалска ѕвезда изјавуваше дека во редовите на италијанскиот првак е атмосферата е многу поразлична од онаа во Реал Мадрид. Во Јуве целиот тим бил како едно семејство, нема поделени кланови, нема несогласувања и слично, карактеристики кои не се забележителни кај „кралевите“, а Роналдо со еден гест покажа колку играчите на „старата дама“ си помагаат едни на други во тешки периоди.
Имено, по голот кој Португалецот го постигна за 2-0 против Сасуоло, тој се одлучи во својата прослава да го додаде и претпознатливиот потег на Дибала, кој откако ќе даде гол прави маска на лицето со раката. Така прослави и Роналдо, да му покаже на својот клупски колега дека има поддршка. во период кој за него може да се каже дека е лош.
Дибала изминативе неколку натпревари многу почесто ги почнува од клупа, на некои не ни влегува во игра, а сето тоа резултира со недостаток на голови и асистенции. Секако дека падна во втор план откако дојде Роналдо, но Дибала ќе се врати во најдобрата форма покрај вакви колеги, кои пред се му се другари.
https://www.youtube.com/watch?v=NydIYS4EhNs