Роналдо го купува клубот во кој ја почна кариерата

Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио де Лима Роналдо и по завршувањето на играчката кариера остана да биде дел од фудбалот. За разлика од многумина други фудбалери кои станаа тренери, тој реши да стане газда.

Роналдо го куши шпанскиот Валјадолид, а сега е пред комплетирање на договор за купување на бразилскиот Крузеиро. Тоа е тим во кој Роналдо ја почна играчката кариера, а потоа во 1994 година направи трансфер во Европа и тоа во тимот на ПСВ Ајндховен.

Крузеиро е гигант во бразилски рамки и досега има четири титули во првенството (последните две во 2013 и 2014 година), како и два трофеи во Либертадорес купот од 1976 и 1997 година. Крузеиро моменално е во криза и се натпреварува во Втората бразилска лига.

„Пресреќен сум што се заврши оваа работа. Многу работи му должам на Крузеиро и сакам да го вратиме таму каде што заслужува. Пред нас има многу работа. Ги замолувам навивачите повторно да бидат дел од клубот, да дојдат на стадион. Едноставно потребна ни е и нивната помош. Нема што сега да славиме, но нашите амбиции се големи“, рече Роналдо кој ќе вложи 400 милиони бразилски реали (околу 60 милиони евра) за стабилизирање на Крузеиро.

 

- Оглас -

Најнови вести