Роналдо го надмина и Ромарио, прашање на време е кога ќе го потисне и кралот Пеле од тронот

Со двата гола против Специја, Кристијано Роналдо покажа дека опасниот корона-вирус не оставил никакви траги врз неговата форма, иако Португалецот 20-тина дена помина во изолација. Погодоците против Специја имаат посебно значење бидејќи Кристијано го надмина легендарниот бразилски голгетер Ромарио на листата на најдобри стрелци во историјата на фудбалот.

Откако пред 18 години започна да игра, Роналдо на клупско и репрезентативно ниво стигна до 744 голови, а Ромарио кариерата ја заврши со 743 погодоци на официјални натпревари. Според статистиката, Роналдо сега е на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата.

Јозеф Бичан е Австриец кој има и Чешко држајванство, а во кариерата на 495 натпревари постигна 759 погодоци и е на второто место на вечната листа, која ја предводи кој друг ако не единствениот Пеле. Најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот кариерата ја заврши со 762 погодоци во 832 дуели.

Ромарио падна на четвртото место, а Герд Милер ја затвора Топ 5 групата. Германецот постигна 727 голови, но за многу брзо време може да биде истуркан од Лионел Меси. Аргентинецот досега во кариерата има 708 голови и заедно со Роналдо се единствените двајца активни фудбалери кои имаат над 700 погодоци во кариерата.

ЛИСТА НА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ИСТОРИЈАТА

Пеле – 762 голови во 832 натпревари

Бичан – 759 голови во 495 натпревари

Роналдо – 744 голови во 1022 натпревари

Ромарио – 743 голови во 961 натпревари

Милер – 727 голови во 772 натпревари

Меси – 708 голови во 879 натпревари

Пушкаш – 706 голови во 718 натпревари

 

- Оглас -

Најнови вести