Кристијано Роналдо продолжува да восхитува со своите настапи, овојпат во репрезентативниот дрес на Португалија. Капитенот на португалската селекција постигна два гола на последниот меч во убедливата победа од 5:0 над Ерменија и во уште една категорија го надмина неговиот најголем ривал Лионел Меси.
Роналдо сега стигна до 38 голови во квалификации за Светско првенство и тоа постигнати во само 48 меча. Меси остана со 36 голови во квалификации за СП и тоа во 72 натпревари.
Сепак, Роналдо не е светски рекордер во оваа категорија. Пред Португалецот е помалку познатиот Карлос Луис од Гватемала. Овој фудбалер во квалификации за Светските првенства вкупно има постигнато 39 голови и засега е на врвот во оваа категорија.
Секако, се очекува Роналдо многу брзо да го сруши и овој рекорд. Португалија следниот меч ќе го игра на гости кај Унгарија во вторник и тоа ќе биде прва можност за Роналдо да израмни, но и да сруши уште еден светски рекорд.