Роналдо го напушти селото во коешто беше сместен, му пречело утринското блеење на овците

Кристијано Роналдо со семејството се сели од една во друга куќа со седум спални. По враќањето во Манчестер, Роналдо одбра да живее во една куќа која вреди 6 милиони фунти, но постојаното блеење на овците, особено во утринските часови кога тој спие, а и некои проблеми околу обезбедувањето (во дворот имало јавна пешачка патека по која секој може да помине и од таму се гледала внатрешноста на куќата), го натераа фудбалерот да си замине од имотот и да се пресели.

Новиот дом на Роналдо во Чешир е вреден 3 милиони фунти и се наоѓа во близина на локацијата на која тој живееше од 2003 до 2009 година, кога првпат играше за Црвените ѓаволи. Куќата има базен, кино, многу зеленило, гаража за четири автомобили, електрични порти, камери и обезбедување кое патролира.

- Оглас -

Најнови вести