Англискиот весник „Сан“ вечерва пренесува дека Кристијано Роналдо го пропуштил денешниот тренинг на португалската репрезентација во Катар за да може да ги договори и последните детали околу договорот што треба да го потпише со тимот на Ал-Наср.
Според најавите, Роналдо се согласил да заигра во дресот на тимот од Саудиска Арабија, и тоа за сума од 173 милиони фунти на годишно ниво. Тоа би било убедливо најскапиот договор во историјата на фудбалот.
Шпанската „Марка“ утрово најави дека Роналдо ќе му се приклучи на Ал-Наср уште во јануари 2023 година, односно само за еден месец. Португалецот стана слободен играч откако Манчестер јунајтед пред една недела реши да му го раскине договорот.