Кристијано Роналдо во изминативе 10-тина денови покажа дека е голем хуманист откако донираше многу пари во борбата против Коронавирусот. Сепак, и покрај сите хумани гестови, Роналдо го предизвика гневот од јавноста во Португалија поради тоа што ги прекрши препораките да не се излегува од дома.
Португалската ѕвезда веќе 15-тина дена е во својот роден град во Португалија и таму беше во изолација, но сега беше забележан како шета со неговата девојка Георгина Родригес и децата. Ниту Роналдо ниту Георгина на рацете немаа ракавици, а на лицето немаа маски.
Додека шетаа, тие беа фотографирани, а интересни се и нивните реакции во моментот кога сфаќаат дека некој ги забележал и ги фотографирал.