Роналдо го нема на последните два меча, дали тоа е знак дека толку беше од Португалецот во Ал-Наср?

Кога пред две и пол години Кристијано Роналдо реши да направи трансфер во Ал-Наср, сите беа зачудени од изборот, но понудените пари беа примамливи и Португалецот не можеше да ги одбие.

Со Роналдо во составот очекувањата беа дека Ал-Наср треба да доминира и да освојува трофеи, но по три сезони, витрините на овој клуб останаа празни. Единствениот пехар кој Ал-наср го освои со Роналдо во составот беше Арапскиот клупски шампионски куп кој се одржува во летниот период, а учествуваат екипи од Азија и Африка.

Ал-Наср редеше неуспеси во домашното првенство, во Купот, како и во азиската Лига на шампиони. Актуелниот договор на на Роналдо истекува на крајот од месецов, што значи дека Португалецот ќе биде слободен играч.

Гласините дека Роналдо ќе си замине од Ал-Наср се интензивираа откако Португалецот го немаше на теренот на последните два меча. Официјално нема потврда зошто Роналдо не беше во составот, но најавите се дека тоа е знак за негово заминување од Ал-Наср, клуб за кој одигра вкупно 109 меча и постигна 97 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести