Роналдо го нема во тимот на досегашниот дел од сезоната во Серија А

Кристијано Роналдо во првата сезона во Серија А потврди дека е еден од најдобрите на сите времиња. Со 19 пгодоци во досегашниот дел од сезоната, Португалецот е прв стрелец во Калчото, а Јувентус ја игра најдобрата сезона во историјата на италијанското првенство.

И покрај овие факти, Роналдо не се најде во тимот на досегашниот дел од сезоната во Серија А во изборот на Агенцијата за фудбалска статистика ОПТА. Иако се работи за формација 4-3-3, името на Роналдо го нема во офанзивниот дел. Гомес од Аталанта, Ел Шарави од Рома и Пјонтек од Милан се ударното трио во тимот на досегашниот дел од сезоната во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести