Роналдо го нема во тимот на сезоната за ЛШ, но дали има место за Меси?

Техничкиот одбор на УЕФА ги избра најдобрите 23 фудбалери во Лигата на на шампиони за неодамна завршената сезона. Интересно е што по многу години доминација, во составот немаше место за Кристијано Роналдо. Португалецот со неговиот Јувентус беа елиминирани уште во осминафиналето од Олимпик Лион.

Очекувано во составот доминираат фудбалери од таборот на новиот европски првак Баерн Минхен. Германскиот гигант кој во финалето со минимални 1:0 славеше против Пари Сен Жермен, има дури девет играчи меѓу идеалните 23-мина.

За разлика од Роналдо, во составот се најде место за Лионел Меси кој со Барселона доживеа неверојатен дебакл, откако во четвртфиналето беа елиминирани од Баерн Минхен со неверојатни 8:2. Интересно е што меѓу најдобрите 23-ца се најде само еден играч од ланскиот шампион Ливерпул, а тоа е дефанзивецот Вирџил ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести