Кристијано Роналдо е слободен играч откако Манчестер јунајтед му го раскина договорот, па веќе започнаа шпекулации каде ќе продолжи Португалецот. Според последните пишувања на шпанскиот весник „Марка“, екипата на Ал-Наср е најсериозен кандидат да биде следниот клуб на Роналдо.
Најавите се дека Саудијците понудиле неверојатна финансиска сатисфакција за Роналдо да биде дел од нивиот тим во следните три години. Се шпекулира со сума од неверојатни една милијарда и 200 милиони евра за три години.
Тоа значи дека ако ова е точно, Роналдо како играч на Ал-Насл ќе заработува по еден милион евра на дневно ниво.
🚨 Cristiano Ronaldo is edging CLOSER to a move to Al-Nassr! 🇸🇦😳
(Source: @marca) pic.twitter.com/qj6bNhQaNm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 24, 2022