16.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Роналдо го одгледа првото полувреме на новиот тим од ложата, а со следниот потег ги воодушеви навивачите (Видео)

Новиот клуб на Кристијано Роналдо, Ал Наср славеше во првиот натпревар во 2023 година над Ал Тае со головите на Талиска, а Португалецот првото полувреме го гледаше од ложата на „Морсул парк“.

Поради суспензијата од Манчестер јунајтед, и поради преголемиот број на странски фудбалери во Ал Наср, Роналдо своето деби за новиот тим ќе го има на 22 јануари, а вчерашниот натпревар го следеше од ложата. Роналдо го одгледа првото полувреме, а потоа се симна во соблекувалната за да одработи тренинг, односно возеше статичен велосипед  додека второто полувреме го гледаше преку ТВ.

Овој потег на Португалецот ги воодушеви фановите на Ал Наср, бидејќи уште еднаш покажа дека вистински професионалец.

https://twitter.com/i/status/1611444562534469633

- Оглас -

Најнови вести