Роналдо „го отвори“ Луксембург, Португалците по две кола имаат гол разлика 10-0 (Видео)

Италија извојува рутинска победа над Малта од 2-0, а повторно гол даде Матео Ретеги кој не знае италијански јазик, роден е, игра и живее многу далеку од Италија, и никогаш не играл за италијански тим.

Најубедлива вечерва беше Португалија која со 6-0 триумфираше против Луксембург. Кристијано Роналдо ги даде првиот и четвртиот гол, па сега во кариерата има 11 голови на 11 дуели против Луксембург.

Голот на Роналдо за 1-0 погледнете го ТУКА.

Финска со 1-0 победи на гостувањето кај Северна Ирска, а значаен триумф имаше и Словачка која со 2-0 беше подобра од Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести