37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Роналдо го „подмладија“ во Манчестер, тренираше со У21 тимот

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, воопшто не се шегуваше кога изјави дека Кристијано Роналдо е суспендиран од првиот тим поради потегот што го направи на дуелот против Тотенхем. Португалскиот ас одби да влезе во игра во 90-тата минута и самоиницијативно си замина од теренот кон соблекувалните.

Поради овој негов потег и непочитување на тренерските одлуки, Роналдо денеска кога пристигнал во тренинг-центарот, немал дозвола да тренира заедно со останатите фудбалери од првиот тим. Најголемата ѕвезда во екипата е прекомандувана во Б тимот на Манчестер јунајтед, па Роналдо мораше да тренира заедно со играчите кои најчесто се до 21 година, односно младинскиот тим.

Тоа што е сигурно е дека Роналдо нема да биде ниту дел од екипата која викендов ќе гостува во Лондон на Челзи, во дербито од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести