Роналдо го посрамоти двојникот: Брате, грд си, не изгледаш како мене (Видео)

Кристијано Роналдо е идол на илјадници млади низ целиот свет. Многумина сакаат да бидат како Роналдо, а некои се трудат дури и да личат на него.

На трибините на стадионот во Саудиска Арабија, во дрес на португалската репрезентација се појави младо момче кое во физичкиот изглед наликуваше на Роналдо.

Момчето постојано дофрлаше кон Роналдо обидувајќи се да добие внимание од фудбалерот. Во еден момент Роналдо му се обрати на момчето, сакајќи да му каже дека не личи на него.

„Брате, не изгледаш како мене. Многу си грд“, му рече Роналдо на момчето, кое сепак не се разочара од овие зборови туку беше среќен што успеа да воспостави контакт со Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести