Роналдо го предупредува ПСЖ: Јас пет години играв со Галактикосите во Реал и не ја освоивме ЛШ

Славниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио го предупреди тимот на Пари Сен Жермен дека тоа што составиле ѕвездена екипа, не значи автоматски дека ќе ја освојат Лигата на шампионите. Роналдо, кој е еден од најдобрите фудбалери и напаѓачи во историјата, никогаш не ја освои ЛШ, иако играше за големи клубови, а во Реал соиграчи му беа Роберто Карлос, Зидан, Фиго, Бекам, Раул.

„Рано е да се каже кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Дури во четвртфиналето почнува да се избиструва сликата. ПСЖ е на пол-позиција, но ова е фудбал, не е математика. Многу фактори одлучуваат на терен, не е доволно само да го имате најдобриот тим. Јас играв за Реал Мадрид речиси пет сезони во тимот наречен Галактикос со сите тие ѕвезди, а никогаш не ја освоив Лигата на шампионите“, изјави Роналдо Назаиро, кој вели дека Мбапе го потсетува на него.

- Оглас -

Најнови вести