Роналдо го предводи најлошиот тим на ЕВРО 2024, според „Марка“

Шпанскиот весник „Марка“ го објави најлошиот тим на Европското првенство, а во него е и Кристијано Роналдо. Тој беше вториот највозрасен фудбалер на шампионатот, а не успеа да постигне погодок од 23 шутеви, иако забележа една асистенција, кон Бруно Фернандеш.

Португалската ѕвезда Роналдо го предводи тимот во кој во нападот се уште и Ромелу Лукаку и Душан Влаховиќ.

Во најлошиот тим има по двајца претставници на Србија и на Италија, а по еден фудбалер имаат репрезентациите на Португалија, Белгија, Унгарија, Шкотска, Украина, Данска и на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести