Кристијано Роналдо, кој на 1 јануари го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, одлучи да го продаде својот приватен авион кој во 2015 година го купи за 20 милиони евра.
Станува збор за моделот „Галфстрим Г200“, кој е еден од 250-те персонализирани модели на авиони кои се произведени помеѓу 1999 и 2011 година.
Овој авион може да прими десет лица, луксузно е опремен по вкус на Роналдо, а екипажот го сочинуваат тројца пилоти и две стјуардеси. Последен пат Роналдо со овој авион леташе за Саудиска Арабија за да го потпише договорот со Ал-Наср, според кој ќе заработи 500 милиони евра за две и пол години. Роналдо често го изнајмјувал овој авион на богати патници, а цената се движела помеѓу 6.000 и 10.000 евра по час.
Не е познат купувачот на авионот, како и цената за кој е продаден, а шпанскиот „АБЦ“ ја открива причината зошто Роналдо одлучил да го продаде. Португалецот одлучил дека му е потребен поголем авион.