Легендата на светскиот фудбал, Роналдо, полека но сигурно се „ослободува“ од клубовите кои ги купуваше кога заврши со активното играње фудбал. Најпрво го продаде бразилскиот Крузеиро, а сега продаде 49% од уделот и на шпанскиот второлигаш Ваљадолид.
Роналдо во 2018 година го купи мнозинскиот пакет на Ваљадолид за 30 милиони евра, а сега продаде 49% од акциите за 28,7 милиони евра. Сепак, новиот сопственик се обврзал во периодот помеѓу 2028 и 2030 година да ги купи и останатите 16,7% од акциите. Договорот помеѓу Бразилецот и локалната компанија „Инексо“ има и клаузула, која вели дека доколку клубот влезе во Примера, Роналдо ќе добие дополнителни 10 милиони евра, а доколку остане второлигаш, ќе инкасира дополнителни пет милиони евра.
Сето тоа би значело профит од минимум 3,7 милиони евра за поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на светскиот фудбал.