Роналдо го промаши невозможното, па се оправда со два гола за помалку од 10 минути (видео)
Португалската ѕвезда повторно е лидер на листата на стрелци во Серија А.

Кристијано Роналдо против Кротоне покажа две изданија во првите 45 минути. Ѕвездата на Јувентус имаше огромно промашување од мат позиција на помалку од два метри од голот во 28-мата минута, но само десетина минути подоцна се оправда.
Во 38-мата минута го донесе толку посакуваното водство на Јувентус, а во судиското продолжение по вторпат ја затресе мрежата на гостите и сега Роналдо повторно е лидер во трката за Златната копачка во Серија А со 18 погодоци, еден повеќе од Лукаку.