Роналдо го пуштија да оди да ја посети мајка му, а не да се слика покрај базен

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џиљи, е најжесток во критиките упатени кон Кристијано Роналдо во Италија. Голгетерот на Јуве го избегна карантинот во кој живее италијанското општество со тоа што кажа дека ќе оди дома во Португалија за да ја посети мајка му која има здравствени проблеми.

Но, Роналдо објави некои фотографии на кои позира покрај базен и тоа не им се допадна на многу луѓе, па Португалецот е цел на критики.

„Работите во Јувентус се искомплицираа кога си замина Роналдо. Тој рече дека оди во Португалија поради мајка му, но изгледа целта му била да се слика покрај базен. Откако беше направен исклучок со него, и други играчи посакаа да си заминат од Италија за да не седат во карантин. Вакви работи се недозволиви. Сите мора да бидат во изолација. Ги разбирам странците кои сакаа да си заминат, но кога ќе се вратат во Италија, мора да седат 14 дена во карантин и потешко ќе им биде да се вратат во форма“, вели Џиљи.

- Оглас -

Најнови вести